Свет Балкан Бајден изрази сочувство за загинатите во НАТО бомбардирањата во Србија

Бајден изрази сочувство за загинатите во НАТО бомбардирањата во Србија

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска во Белград им изрази сочувство на сите семејства на загинатите во НАТО бомбардирањата.

– САД и Србија, секако не се согласуваат околу сите прашања, има многу лузни и рани кои постојат уште од 90-те години, но се надевам дека ќе преземеме чекори и тоа ќе го направат други, нови генерации, а целиот регион ќе забележи економски раст, рече Бајден на заедничката прес-конференција со премиерот на Србија, Александар Вучиќ.

Бајден оцени дека земјите во регионот треба преземат чекори поправање на грешките од минатото и додаде дека Србија претставува клучен политички и економски камен-темелник за целиот регион.

Вучиќ од друга страна рече дека очекува голема поддршка од САД за зачувување на мирот и стабилноста во регионот.

– Судири се случуваат многу лесно. Доволна е една искра и сите да влеземе во хаос. Мора да посветиме повеќе енергија за зачувување на мирот и стабилизација – рече Вучиќ, заблагодарувајќи му се на Бајден за поддршката.

Српскиот премиер исто така и заблагодари на САД и за поддршката на кој и ја даваат на Србија за евроинтеграциите.