Видео Автомобил влета на тротоар во Лондон – едно лице уапсено

Автомобил влета на тротоар во Лондон – едно лице уапсено

Неколку лица се полесно повредени откако автомобил влета на тротоар во близина на Националниот музеј во Лондон, јавуваат британските медиуми.

Британската полиција соопшти дека во Лондон се случила несреќа во која повеќе лица се повредени. Репортерот на „Би-би-си“ јавува дека лицата се полесно повредени и дека нема загинати.

Едно лице веќе е уапсено, но засега не се откриваат никакви детали.

Ова е втор ваков настан во Лондон во последните неколку месеци. Претходниот се случи во јуни на Лондонскиот мост.