Свет Балкан Автомобил полн оружје пронајден во близина на домот на Вучиќ

Автомобил полн оружје пронајден во близина на домот на Вучиќ

Попладнево во близина на семејниот дом на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, во белградската населба Јајинци, откриен е автомобил полн со оружје.

Како што објавуваат медиумите во Србија, автомобилот бил паркиран во шумата недалеку од домот на Вучиќ, а во него се пронајдени бомби, минофрлачи и муниција.

Сите безбедносни служби моментално се на терен. Вучиќ вечерва изјави дека нема да коментира ништо за овој настан сè додека не ги добие извештаите од Безбедносно-информативната агенција и од полицијата.