Свет Европа Автомобил покоси група луѓе во Хелсинки, еден загина, четворица се повредени

Автомобил покоси група луѓе во Хелсинки, еден загина, четворица се повредени

Во тешка несреќа што се случи во центарот на Хелсинки, главниот град на Финска, попладнево еден човек го загуби животот, а четири лица се пренесени во болница со повреди. Другите повредени добиле прва помош на местото на несреќата.

Инцидентот се случил на раскрсница во центарот на градот кога автомобил управуван од маж кој бил под дејство на алкохол или дрога ги покосил пешаците.

Полицијата потоа го уапсила возачот, кој е на возраст од педесетина години. Инцидентот се случил околу 18 часот по локално време.