Свет Европа Автомобил намерно удрил војници во Париз, шестмина се повредени

Автомобил намерно удрил војници во Париз, шестмина се повредени

Шест француски војници се повредени утринава околу осум часот, откако возило налетало на нив во париското предградие Левалоа-Пере.

Четворица војници се полесно повредени, а двајца потешко.

Париската полиција соопшти дека трага по возилото и дека операцијата е во тек.

Претседателот на општината Левалоа-Пере, Патрик Балкани, соопшти дека автомобил марка „бе-ем-ве“ се залетал во војниците и оти нема сомнеж дека станува збор за смислен напад.

Тој рече дека нападот се случил во близина на градското собрание.

– Тоа е одвратен акт на агресија – рече Балкани.