Хроника Автобус излета од коловозот на автопатот Велес – Скопје, повеќе од 20...

Автобус излета од коловозот на автопатот Велес – Скопје, повеќе од 20 патници се повредени

Автобус излета од патот после патарината кај Велес, а повеќе од 20 патници се повредени. Патниците со возила на Итната медицинска помош се превезуваат на клиниките во Велес и во Скопје.

Според првичните информации, возачот на автобусот изгубил контрола и излетал во близина на зимскиот пункт Кула кој се наоѓа на автопатот Велес – Скопје.

Сообраќајот во тој дел од автопатот е во застој, а граѓаните јавуваат дека колона автомобили има од Велес до патарината.