Свет Европа Австријците масовно го поддржуваат затворањето на балканската рута

Австријците масовно го поддржуваат затворањето на балканската рута

Повеќето Австријци го поддржуваат затворањето на балканската рута за бегалци и го одобруваат остриот курс на австриската влада во бегалската криза.

Истражувањето на јавното мислење, спроведено по повод неодамнешното гостување на австрискиот канцелар Вернер Фајман на австриската државна телевизија, покажува дека дури 85 отсто од Австријците го сметаат за исправно затворањето на балканската рута.

Само 12 отсто сметаат дека затворањето на рутата преку Македонија, Србија, Хрватска и Словенија кон Австрија билo погрешна одлука.

Уште поубедлив е одговорот на Австријците на прашањето дали австриската влада треба и понатаму да ги спроведува националните мерки додека нема европско решение. Дури 86 отсто од Австријците ги поддржуваат националните мерки.

Исто така, 83 отсто од Австријците веруваат дека можно е 28 земји членки на ЕУ во следните недели да договорат заедничко решение за запирање на бранот бегалци.