Свет Европа Австрија: Опстанокот на ЕУ зависи од намалувањето на приливот на мигрантите

Австрија: Опстанокот на ЕУ зависи од намалувањето на приливот на мигрантите

Намалувањето на приливот на мигранти е „прашање за опстанокот на ЕУ“, изјави денеска австриската министерка за внатрешни работи, Јоана Микл-Лајтнер, по разговорите со министрите на деветте земји од таканаречената балканка рута.

– Мораме сега да го намалиме приливот. Тоа е клучно за опстанокот на ЕУ – рече Микл-Лајтнер по состанокот во Виена.

Властите во Виена се критикувани бидејќи организирале состанок без да ја повикаат Грција и поради воведување дневни квоти за прифаќање мигранти кои бараат азил или се во транзит.

Австрија тврди дека мерките се неопходни бидејќи европскиот блок не презел ефикасен заеднички одговор на најголемата бегалска криза од 1945 година.

– Оптимист сум дека можеме да постигнеме заеднички одговор во ЕУ. Прашање е само кога ќе се случи тоа – рече Микл-Лајтнер.

Таа додаде дека Австрија сака да изврши притисок за да се најде решение.

– Партнерството со белгиските земји не е само во интерес на овие земји, туку и во интерес на ЕУ. Сакаме да создадеме таков притисок и ургентност – додаде Микл-Лајтнер.

Таа објави дека на 1 април ќе биде формиран меѓународен команден центар на Интерпол и на Европол во Виена, кој ќе се бори против шверцот на луѓе.