Свет Европа Австрија го зголеми степенот за опасност од лавини

Австрија го зголеми степенот за опасност од лавини

Австриските власти во покраината Тирол го зголемија степенот на тревога за опасност од лавини на четврто од можни пет нивоа.

Покраинските служби апелираат неискусните скијачи да не ги напуштаат обезбедените патеки и додаваат дека ситуацијата е мошне тешка, особено на пределите кои се наоѓаат на надморска височина поголема од 2.200 метри.