Видео Авион удри во елен на аеродром во Северна Каролина

Авион удри во елен на аеродром во Северна Каролина

Патнички авион на компанијата „Американ Игл“ удрил во елен при обидот да полета од аеродромот во Шарлот, во Северна Каролина.

Пилотот после судирот прогласил тревога, го откажал летот и го вратил авионот пред зградата на аеродромот, соопшти американската Федерална управа за авијација.

– Од леталото протекло гориво поради оштетување на резервоарот на крилото, предизвикано од ударот во елен, рече портпаролката на авиокомпанијата – Кејти Коди.

На снимките кои ги објавија локалните телевизии се гледа оштетување на десното крило, како пожарникари кои превентивно го прскале авионот со пена.

Ниту еден од 44 патници и четворицата членови на екипажот не се повредени.