Свет Авион со тон кокаин се срушил во Венецуела

Авион со тон кокаин се срушил во Венецуела

Венецуелската полиција пронашла мал авион кој се срушил во центрланиот дел на земјата, а бил натоварен со еден тон кокаин.

На местото на несреќата пронајдени се три тела кои настрадале во текот на паѓањето на авионот. Инспекторите велат дека авионот се срушил на приватен имот во покраината Кохедас. Сè уште не е утврдено каде требало кокаинот да биде транспортиран.

Шверцерите вообичаено ја транспортираат дрогата од Венецуела во земјите на Централна Америка, а оттаму забранетите супстанци се испраќаат во САД.