Свет Авион се урна во Зимбабве, шест лица загинаа

Авион се урна во Зимбабве, шест лица загинаа

Медиумите во Зимбабве објавија дека во пад на авион на истокот на земјата загинле најмалку шест лица.

Според весникот „Хералд“, авионот кој бил со капацитет од осум патници паднал во планинската област Вумба.

Локаните медиуми наведоа дека жртвите се директори на локана транспортна компанија и дека се враќале од деловен состанок во Мозамбик.