Свет Авион се урна на аеродром во Тенеси, две лица загинаа

Авион се урна на аеродром во Тенеси, две лица загинаа

Две лица загинаа во пад на мал авион во Тенеси, а две лица се повредени во инцидентот, пренесуваат американските медиуми.

Авионот се урнал во градот Колиџдејл, соопшти портпаролката на службата за итни случаи, Ејми Максвел.

Таа додаде дека двајцата повредени се пренесени со авион во медицинскиот центар „Ерлангер“. Едно лице е во критична состојба.