Свет Балкан Авион на „Туркиш ерлајнс“ ја промашил пистата во Приштина, нема повредени

Авион на „Туркиш ерлајнс“ ја промашил пистата во Приштина, нема повредени

Аеродормот во Приштина привремено е затворен, откако синоќа авион на турската компанија „Туркиш ерлајнс“ ја промашил пистата при слетувањето на дождливото време. Во несреќата нема повредени патници и членови на екипажот.

Портпаролката на приштинскиот аеродром, Валентина Гара, изјавила дека во авионот, кој полетал од Истанбул, се наоѓале 143 патници и осум членови на екипажот.

Според Гара, авионот имал „мала несреќа“, во која никој не бил повреден.

Портпаролката додала дека аеродромот ќе биде затворен сè додека не биде спроведена прелиминарна техничка истрага, која треба да ги утврди причините за несреќата.

Според информациите, откажани се три лета од приштинскиот аеродром.