Свет Авганистан: Девет убиени при бомбашки напад на погреб

Авганистан: Девет убиени при бомбашки напад на погреб

Најмалку девет лица загинаа, а 18 се повредени во самоубиствениот бомбашки напад што денеска е извршен за време на погреб во северниот дел на Авганистан, соопштија официјалните претставници.

Бомбашот-самоубиец ја детонирал бомбата додека се наоѓал меѓу луѓето од поворката, која утринава присуствувала на погребот во дистриктот Бурка, соопшти Баглан Аминулах Амаркил, шеф на полицијата на провинцијата.

Според првите извештаи, загинале девет лица, меѓу кои и двајца полицајци, додека 18 лица се повредени.

Управникот на дистриктот Бурка, Таџ Мохамед Таква, го потврди бројот на настраданите и додаде дека мета на нападот најверојатно бил високо рангиран припадник на полицијата и член на провинцискиот совет, кој присуствувал на погребот.