Свет Авганистан: 18 полицајци исчезнале по нападите на талибанците

Авганистан: 18 полицајци исчезнале по нападите на талибанците

По нападот на талибанците во авганистанската провинција Фарјаб, на северозападот на земјата, исчезнале 18 полицајци.

Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Седик Седичи, рече дека шефот на регионалната полиција и 17 негови лица не се достапни од понеделникот.

Милитантите тврдат дека го задржале шефот на регионалната полиција, кој е ранет во борбата, заедно со 13 полицајци.

Талибанците ги напаѓаат авганистанските сили на бројни фронтови, по минатогодишното ставање крај на меѓународните борбени мисии.