Спорт Атланта повторно изгуби

Атланта повторно изгуби

Нашиот Перо Антиќ на овој меч мина 23 минути на паркетот и имаше учинок од 8 поени

Атланта хокс го доживеа третиот пораз во новата сезона од НБА-лигата, откако загуби на гостувањето кај Шарлот со 122-119 по две продолженија.

Нашиот Перо Антиќ на овој меч мина 23 минути на паркетот и имаше учинок од 8 поени, 2 скока и од 3 асистенции.

Ал Хорфорд беше најпрецизен во редовите на Атланта со 24 поени, а во победничкиот тим, Ал Џеферсон запиша 34 поени.

Резултати:

Шарлот – Атланта 122-119
Орландо – Минесота 112-103
Торонто – Вашингтон 103-84
Оклахома – Мемфис 89-91
Феникс – Сакраменто 112-114
Денвер – Кливленд 101-110
Јута – Далас 82-105
Филаделфија – Чикаго 115-118
Бостон – Индијана 101-98
Бруклин – Њујорк 110-99
Детроит – Милвоки 98-95