Спорт Аргентина, Парагвај и Уругвај се пласираа во четвртфиналето на „Копа Америка“

Аргентина, Парагвај и Уругвај се пласираа во четвртфиналето на „Копа Америка“

Фудбалската репрезентација на Аргентина во рамки на третото коло ја победи Јамајка со 1:0 и пласирајќи се на првото место од групата Б, го загарантира влезот во четвртфиналето на „Копа Америка“, кое се одржува во Чиле.

Натпреварот беше јубилејен за Меси, кој го изигра својот 100. меч во репрезентативниот дрес, но не успеа да постигне гол. Единствениот кој поентираше на натпреварот беше Игуаин во 11. минута.

Во другиот меч од оваа група. Уругвај и Парагвај одиграа нерешено 1:1 со што репрезентацијата на Парагвај се задржа на второто место на табелата и обезбеди пласман во елиминациите. Во завршницата се пласираше и Уругвај бидејќи со 4 бодови е подобар од Еквадор, кој е трет во А групата и има 3 бодови.

Вечер ќе се одиграат натпреварите во групата Ц, каде ќе се сретнат репрезентациите на Колумбија и на Перу, и на Бразил со Венецуела. Во оваа група сите репрезентаци имаат по 3 бодови.

Досега пласман во четвртфиналето имаат обезбебедено репрезентациите на Чиле и на Боливија од групата А.