Свет Балкан Апсења во Турција поради нападот во Истанбул

Апсења во Турција поради нападот во Истанбул

Турската полиција уапсила припадник на Работничката партија на Курдистан за кој постои сомневање дека вчера го извршил нападот во близина на полициската станица во Истанбул.

Осомничениот е фатен со лажни документи во централната провинција Аксарај. При апсењето, со него во возилото имало уште две лица.

Вкупно шест лица досега се приведени поради нападот во населбата Јенибоса, која се наоѓа неколку километри од истанбулскиот меѓународен аеродром „Ататурк“.

Нападот е извршен така што е активирана бомба која била поставена на мотоцикл.
Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.