Свет Европа Апсења во Белгија и во Франција поради тероризам

Апсења во Белгија и во Франција поради тероризам

Белгиското обвинителство соопшти дека четири лица се уапсени во Брисел, во рамки на истрагата против тероризам.

Белгиските медиуми јавуваат дека полицијата при претресот во куќите пронашла пушки „калашников“, панцири и муниција.

Обвинителството наведе дека најновите апсења се дел од истрагата за терористичките напади во Париз, извршени во ноември 2015 година, кога се уапсени 130 лица, а во Брисел, четири месеци подоцна, во напад загинаа 32 лица.

Истовремено, извор од Франција соопшти дека утринава на северот на Франција, во рамки на заедничката француско-белгиска антитерористичка операција, уапсен е и еден 42-годишник, кој исто така е поврзан со групата на која ѝ припаѓаат и четворицата уапсени во Брисел.