Свет Европа Антитерористичка акција во Брисел, тројца полицајци се полесно повредени

Антитерористичка акција во Брисел, тројца полицајци се полесно повредени

Тројца полицајци се полесно повредени во антитерористичка акција во Брисел. Инцидентот се случил во јужното предградие Форест, јавуваат светските медиуми.

Федералниот обвинител вели дека акцијата била поврзана со нападите во Париз во кои беа убиени 130 лица. Портпаролот на федералниот обвинител вели дека врз полицијата било пукано во акција што била поврзана со истрагата за нападите во Париз.

Полициската акција во која се трага по двајцата осомничени, кои се во бегство, сè уште трае.