Видео Антиќ одличен на натпреварот против Вашингтон

Антиќ одличен на натпреварот против Вашингтон

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ одигра одличен натпревар за тимот на Атланта и постигна двоцифрен број поени во три последователни натпревари.

Вчеравечер тимот на Атланта хоукс го победи тимот на Вашингтон со 120:89, а македонскиот кошаркар беше четврти најдобар стрелец. Антиќ постигна 12 поени, од кои три тројки и три успешно реализирани слободни фрлања. За тимот на Атланта ова беше осма победа во низа, односно 13. победа во последните 14 натпревари.

Видеозапис од погодоците на Антиќ во натпреварот портив Вашингтон визардс.