Свет Европа Анкета: 52 отсто од Британците се за останување во ЕУ

Анкета: 52 отсто од Британците се за останување во ЕУ

Педесет и два отсто од Британците се за останување на Велика Британија во Европска Унија, додека 48 отсто се за излез на земјата од Унијата, покажа денеска објавената анкета на агенцијата за испитување на јавното мислење „Ипсос МОРИ“.

Анкетата, која е направена за потребите на весникот „Ивнинг стандард“, била спроведена пред два дена.