Македонија Анита Бошковска и Катерина Георгиевска избрани за судијки во Врховниот суд

Анита Бошковска и Катерина Георгиевска избрани за судијки во Врховниот суд

Фото: Архива на Мета.мк

Ниту еден од петте кандидати за избор на врховни судии во кривичниот оддел на Врховниот суд не беше избран од Судскиот совет. Од граѓанска област, за судии на Врховниот суд исто така беа пријавени пет кандидати, но Судскиот совет избра само две судијки што ги исполнија условите од законот, односно добија најмалку осум гласа „за“.

Судскиот совет ги избра единствено Анита Бошковска и Катерина Георгивска за судијки во Врховниот суд од граѓанската област.

Врховниот суд во кривичниот оддел останува само со пет судии: Џемали Саити, Африм Фидани, Сафет Кадрии, Мирјана Лазарова-Трајковска и Цветанка Периќ.