Економија Анѓушев и Бектеши на разговор со бизнисмените за економските мерки

Анѓушев и Бектеши на разговор со бизнисмените за економските мерки

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ќе се сретнат со компаниите членки на Стопанска комора на Македонија, во 12 часот.

На средбата, како што информираат од Комората, ќе се дискутира за предложените мерки кои треба да условат подобрување на конкурентноста и зголемување на инвестициите, со цел поттикнување на економскиот раст на македонската економија.