Свет Европа Ангела Меркел ќe се обиде да добие четврти мандат на изборите следната...

Ангела Меркел ќe се обиде да добие четврти мандат на изборите следната година

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе се обиде да добие четврти мандат на изборите следната година, пишуваат германските медиуми. Се очекува, Меркел својата одлука да се натпреварува на изборите да ја соопшти на состанокот на Христијанско-демократската унија.

Ангела Меркел за време бегалската криза зазеде цврст став за прифаќање на бегалците поради кој денес многумина ја осудуваат, вклучувајќи го и новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Канцеларката Меркел не отстапува од својот став, иако многу луѓе во нејзината држава сметаат дека универзалните вредности ги ставила пред националните вредности на сопствената земја.

Нејзината политика не помина безболно, имајќи предвид дека Маркел доживеа пад на популарноста меѓу германските избирачи.