Македонија Јанева и тимот се надеваат да останат уште еден мандат

Јанева и тимот се надеваат да останат уште еден мандат

Фото: Борче Поповски

Откако денешната средба за судбината на СЈО меѓу министерката за правда Рената Дескоска и преговарачот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски,  заврши со договор за повторно седнување на маса в петок, првиот човек на СЈО, Катица Јанева рече дека сака и таа и целиот нејзин тим да останат да работат заедно уште еден мандат.

Таа очекува партиите да се договорат бргу за статусот на СЈО и за истрагите отворени по 18-те месеци предвидени со сегашниот закон.

– Ние сме професионалци, си ја работиме работата, во однос на тоа како ќе биде регулирано не може никој да знае. Се надеваме дека ќе останеме цел тим да продолжиме да работиме заедно уште еден мандат. Тоа ни е желба, јас ги подржувам сите мои колеги да останат во тимот. Имаме уште две места кои се ослободени, а според одлуката на Советот имаме право на уште двајца колеги да бидат дел од тимот. Но, сето тоа ќе биде дел од работата на СЈО во периодот откако ќе биде донесен законот – изјави Јанева.