Економија Андреевски: Увозот на струја ќе ги чини граѓаните 4,2 милиона евра

Андреевски: Увозот на струја ќе ги чини граѓаните 4,2 милиона евра

Неверојатни 4,2 милиона евра ќе ги чини граѓаните увозот на електрична енергија и тоа само за период од две недели, од 7 јануари заклучно до 22 јануари, истакна денеска претседателот на Комисија за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски.

Тој истакна дека „ако РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј работеа, немаше да има ризик од останување без струја“.

– Срамно, безобразно и несовесно од страна на менаџментот на ЕЛЕМ е да нè убедува дека снегот што ќе се стопи напролет, ќе нè спаси од ново поскапување на струјата – изјави Андреевски.