Спорт Анчелоти: На фудбалските терени ќе се вратам по една година

Анчелоти: На фудбалските терени ќе се вратам по една година

Италијанскиот фудбалски стручњак Карло Анчелоти, кој заработи отказ од Реал Мадрид, најави едногодишна пауза од тренерската работа. Тој рече дека го очекува операција на вратен пршлен. Вели дека има доста понуди од Италија, англиската Премиер-лига и од германската Буднеслига.

„Верувам дека тие понуди ќе се зголемат по завршувањето на наредната сезона. Значи, моето враќање на тренерското место, веројатно ќе биде за една година“, изјави Анчелоти.