Македонија АМСМ: Сообраќајот на патот Кичево – Охрид попладне во прекин поради минирање

АМСМ: Сообраќајот на патот Кичево – Охрид попладне во прекин поради минирање

Поради изведување работи на пат, односно минирање, денеска во периодот од 13 до 15 часот, во интервали од 15 минути, во прекин ќе биде сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, помеѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

Според АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата.