Македонија АМСМ: Oбиколницата Скопје пуштена за сообраќај

АМСМ: Oбиколницата Скопје пуштена за сообраќај

„Автомотосојузот на Македонија“ соопшти дека попладнево околу 18 часот пуштена е за сообраќај во двата правци обиколницата Скопје, која по невремето во саботата беше затворена.

Од АМСМ информираат дека на деловите од коловозот кои се оштетени се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

На сите останати државни патишта, сообраќајот се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.