Свет Американците повеќе се плашат од Обама отколку од Путин

Американците повеќе се плашат од Обама отколку од Путин

Третина од американските републиканци сметаат дека претседателот на САД, Барак Обама, претставува поголема закана за државата отколку рускиот претседател, Владимир Путин, покажа анкетата што ја спроведе „Ројтерс/Ипсос“.

Во анкетата учествуваа 2.809 Американци, кои на скала од 1 до 5 можеле да ја оценат државата, организација или лице за кое сметаат дека претставува закана за САД.

Резултатите од анкетата покажаа дека 34 отсто од републиканците сметаат дека Обама претставува поголема закана за САД од Путин и од сирискиот претседател Башар ал-Асад.

– Имајќи ја предвид поларизацијата во американската политика, резултатите од анкетата не нè изненадуваат – вели Бери Гласнер, социолог и автор на книгата „Култура на страв: Зошто Американците се плашат од погрешни работи“.
Според Гласнер, постои тенденција за демонизација на лицата кои се на функција, додавајќи дека „сеењето страв“ ќе биде главната тема на претседателската кампања во 2016 годинa.