Македонија Амбасадорите на ЕУ и на САД изразија сочувство на семејствата на жртвите

Амбасадорите на ЕУ и на САД изразија сочувство на семејствата на жртвите

Амабасадорите на земјите-членки на Европската Унија и на САД во земјава денеска преку социјалните мрежи изразија сочувство до семејствата на загинатите во невремето и поплавите што вчера го погодија Скопје и околината.

Порака со сочувство на својот твитер-профил објави и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој напиша дека Европската Унија е подготвена да помогне.

Длабоко сочувство до семејствата на жртвите изрази евроамбасадорот, Аиво Орав.

Сочувство до семејставата на загинатите изрази и американскиот амбасадор, Џес Бејли и на повредените им посака побрзо закрепнување.

„Ужасна поплава во Скопје и околината. Сочувство за семејствата на загинатите и за сите погодени од невремето“, напиша на „Твитер“ на македонски амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет.

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп на „Твитер“ исто така изрази сочуство за жртвите. Тој во твитот вели дека имале среќа што кај нив имало само 10 сантиметри вода.