Свет Европа Амбасадата на САД во Москва предупреди на можни терористички напади во Русија

Амбасадата на САД во Москва предупреди на можни терористички напади во Русија

Според предупредувањето, можни се терористички напади во Русија во следните 48 часа

Фото: Јуриј Мануленко (Yury Manulenko) на Ансплеш (Unsplash)

Амбасадата на САД во Русија ги предупреди државјаните на САД кои престојуваат во земјата да избегнуваат големи собири во следните 48 часа поради закани од терористички напади, односно напади при поголеми собири, вклучително и концерти.

Според известувањето, државјаните на САД треба да внимаваат што се случува во нивната околина, да избегнуваат толпи и да следат на локалните медиуми за нови информации.