Македонија Амбасада на САД: Зошто седницата на Уставен суд е затворена?

Амбасада на САД: Зошто седницата на Уставен суд е затворена?

Со хаштагот „Прашање на денот“, Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска на „Твитер“ праша „Зошто Уставниот суд денеска одржува седница затворена за јавност? Транспарентноста е клучна за секоја институција“.

Оваа порака преку својот твитер-профил ја објави и британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет.

Денеска Уставниот суд на Македонија на седницата, која почна точно во 9 часот, решава дали на претседателот на државата ќе му го врати правото да помилува лица осудени за изборни измами или, пак, ќе остане на сила актуелното решение, со кое тоа му е оневозможено, според измените на Законот за помилување од 2009 година.