Македонија Амбасада на САД: Стејт департментот може да им забрани влез во САД...

Амбасада на САД: Стејт департментот може да им забрани влез во САД на корумпирани функционери

Американскиот Стејт департмент може да им забрани влез во САД на корумпираните функционери, во согласност со претседателската декларација 7750. Ова било наведено во одговорот од Амбасадата на САД во земјава на прашањето на „24 Вести“ дали на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески му е одбиено барањато за американска виза.

Од амбасадата не одговориле директно на прашањето, но посочиле дека борбата против корупцијата е врвен приоритет за владата на САД.

„И покрај тоа што не можеме да коментираме поединечни барања за виза, борбата против корупцијата е врвен приоритет за Владата на САД во Македонија и во целиот свет. Во согласност со претседателскaтa декларација 7750, Стејт департментот може да им забрани влез во САД на корумпирани функционери. Ние ги базираме овие одлуки по разгледување различни информации, од голем број извори“, било наведено во одговорот на амбасадата на САД на прашањето на „24 Вести“.

Инаку, Јанакиески еден од осомничените во случаите „Титаник“ и „ТНТ“, што ги отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО).