Спорт Алвеш во Барса до 2017 година

Алвеш во Барса до 2017 година

По повеќемесечната трансфер-сага и по шпекулациите околу тоа каде ќе продолжи Дани Алвеш, конечно видовме крај: Алвеш и Барселона продолжуваат заедно уште две години, пренесе „Спортклуб“.

Искусниот дефанзивец имал отворени понуди од Милан и од Манчестер Јунајтед, но сепак реши да остане во Барселона, која му понуди договор веднаш по финалето во ЛШ.

Новиот европски шампион си ја обезбеди десната бековска позиција барем до јануари, кога и ќе го регистрираат новиот трансфер на Алеиш Видал од Севилја. За таа позиција ќе конкурираат уште Монтоја и Даглас.

Дани Алвеш неколкупати истакна дека Барселона е секогаш неговиот прв избор и дека ако му понудат продолжување на договорот, без размислување ќе го прифати, што и се покажа како точно.