Македонија Алтхаузер: Германија е само набљудувач во спорот за името

Алтхаузер: Германија е само набљудувач во спорот за името

Германија не се меша во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, изјави денеска германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер, одговарајќи на новинарско прашање дали е можен прием на Македонија во НАТО под привремената референца.

– Секако дека е значајно тоа што министерот Никола Димитров на една од првите свои средби отиде токму во Атина. Ова прашање не би сакала воопшто да го коментирам бидејќи е тоа работа на двете држави. Тука Германија е само набљудувач – изјави амбасадорката Алтхаузер, кој учествуваше на панел-дискусијата „Соработката помеѓу општините, компаниите и граѓанскиот сектор – проект Сити 3 за заштита на климата“, во организација на германската амбасада и на „Еко-свест“.