Свет Алигатор одвлекол дете од плажа во Орландо

Алигатор одвлекол дете од плажа во Орландо

Американската полиција е во потрага по двегодишно момче кое на плажата од хотелот „Гранд флоридијан“, во близина на градот Орландо на Флорида, алигатор го зграбил и го одвлекол во водата.

Семејството на детето се одмарало на песочниот дел на брегот во близина на заливот Севен Сиз, која му припаѓа на хотелот.

– Семејството се движело во плиткиот дел по брегот на езерото кога алигаторот го нападнал детето. Петчленото семејство, кое освен двегодишното момче има уште две деца, потекнува од Небраска – изјави шерифот на округот Оринџ, Џери Деминг.

Деминг соопшти дека во последно време во таа област не е пријавено присуство на ниеден алигатор.

На местото на настанот има присуство на десет возила на итната помош, а плажата е блокирана и забранет им е пристапот на граѓаните.

Во потрагата е вклучен и хеликоптер.