Свет Алепо целосно отсечен, не стигнува хуманитарната помош

Алепо целосно отсечен, не стигнува хуманитарната помош

Поради интензивните борби меѓу сириските владини сили и бунтовниците околу градот Алепо, прекинат е единствениот пат по кој се доставува хуманитарната помош во тој дел на градот, потврди портпаролката на Обединетите нации, Александра Велучи.

Како што рече Велучи, преминот, познат како патот Кастело, е единствен пристап до Алепо и непрооден е од минатата недела, кога борбите се влошиле.

– ОН проценуваат дека околу 300.000 цивили зависат од проодноста на овој пат, по кој се доставуваат храна, лекови и вода – рече Велучи и додаде дека ОН редовно добиваат потресни извештаи за бомбардирање од воздух и за гранатирање на цивилни населби на западот и на истокот на Алепо.

Владините сили го затвориле патот Кастело, а бунтовниците одговориле со офанзива на подрачјето на градот што е под контрола на владата.