Македонија Александрова: Заев ги вработи сите што го напаѓаа раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Александрова: Заев ги вработи сите што го напаѓаа раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Владата на СДС пред само една недела се жалеше дека има пренатрупаност во администрацијата, но затоа тоа не важи за целиот Сорос-сектор, за новинари блиски до СДС и за неговите партиски членови, кои добија работни места, изјави денеска на прес-конференција Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС и Заев ги вработија сите што во изминатиот период најдрско и најплукачки го напаѓаа раководството и владата на ВМРО-ДПМНЕ. Но, исто така, продолжува и практиката СДС во владата да вработува новинари кои се блиски до нив. Тоа што е уште полицемерно е новиот оглас за вработување на 13 посебни советници во Владата на Република Македонија со плата во висина од 36.873 денари. Ваквиот оглас доаѓа откако пред само една недела Рашковски и Манчевски тврдеа дека јавната администрација се соочувала со превработеност – вели Александрова.

Според неа, СДСМ изминатиот период во обид да ја манипулира јавноста, прикажувајќи ја претходната влада како неодговорна и расипничка, која создала превработеност, се фатил во сопствената лага.