Дописници Албански државјанин снабдувал наркозависници во Кичево

Албански државјанин снабдувал наркозависници во Кичево

Марихуната била пронајдена при претрес на куќата во која осомничениот привремено престојувал

Полициската станица од Кичево, поднела кривична пријава против на Д.Б. (22) од Елбасан, Република Албанија, кој е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори.

Според полициските информации, на 19 овој месец, при претрес во куќа на улицата 11 Септември во Кичево, каде пријавениот привремено престојувал, пронајдени биле 40,7 грама марихуана, што албанскиот државјанин неовластено ја набававил за натамошна продажба на наркозависници од Кичево.

Две мали пакувања со марихуана сокрил во кутија за цигари, оставена во неговата јакна, а уште две најлонски пакувања чувал под саксијата за цвеќе во една од собите од куќата.

Одземената марихуана е предадена на вештачење во МВР во Скопје.