Свет Балкан Албанската полиција со акции против трговијата со дрога

Албанската полиција со акции против трговијата со дрога

Албанската полиција соопшти денеска дека за време на операцијата спроведена во руралните делови на Малакастро, запленети биле 380 килограми марихуана, а 11 луѓе биле уапсени.

Полицијата потврди дека пронашле објекти за преработка на марихуана. Помеѓу уапсените има две постари жени кои, наводно, ги давале своите станови за таму да се складира дрогата.

Околу 300 полицајци биле повикани во петокот за да почне операцијата во неколку области на земјата против трговија со дрога.

Повеќе од два тони марихуана биле уништени, десетици луѓе биле вклучени во истрагата, а неколку биле уапсени. За време на операцијата запленето било и оружје кое било употребувано за да се чува дрогата.