Македонија Албанската опозиција ја напушти лидерската средба, веднаш откако заминал Талат Џафери

Албанската опозиција ја напушти лидерската средба, веднаш откако заминал Талат Џафери

„Излеговме и ние затоа што немавме со кого да ги соочиме аргументите“, рече Меџити

Фото: Влада на РСМ

Албанската опозиција ја напушти лидерската средба во Собранието. Причината, како што соопшти Европски сојуз за промени, е тоа што лидерската претходно ја напуштил претседателот на парламентот Талат Џафери, па албанската опозиција немала со кого да дебатира за нивни член во Државната изборна комисија (ДИК).

„Излеговме и ние затоа што немавме со кого да ги соочиме аргументите“, рече Меџити.

Тој истакна дека бараат предвремени парламентарни избори, бидејќи оваа влада не го исполнила главното ветување а тоа е интегрирање на државата.

„Нашиот предлог за датумот на изборите е 14 и 28 април, така што на 28 април ќе биде вториот круг од парламентарните и претседателските избори за да не дојдеме во ситуација кога некој не ги прифаќа резултатите“, рече Меџити.