Свет Балкан Албанија: Уапсени осум лица за шверц на оружјe за Сирија

Албанија: Уапсени осум лица за шверц на оружјe за Сирија

Албанската полиција уапси осуммина лица кои се обидела да прошверцуваат оружја за Сирија.

Како што соопшти полицијата, Групата албански државјани е уапсена во Тирана и во градовите Шијак и Драч. При апсењето, кај лицата се пронајдени седум автоматски пушки, две сачмарки, шест пиштоли, пет бомби и муниција.

Полицијата соопшти дека трага по уште четворица осомничени, кои се во бегство, но не откри на кој начин оружјето било испраќано за Сирија.