Свет Балкан Албанија: Косовските политичари преку дијалог да најдат решение

Албанија: Косовските политичари преку дијалог да најдат решение

Официјална Тирана ги повика косовските политичари да се дистанцираат од протестите во Приштина и повика на дијалог за наоѓање решение за отворените прашања.

„Воспоставувањето на редот и на мирот е значајно начело за да се отвори патот за решавање на проблемите и е во служба на демократската стабилност на Косово“, стои во соопштението на албанското МНР.