Македонија Албанија, Косово и Македонија ќе работат на управување на меѓугранични екосистеми

Албанија, Косово и Македонија ќе работат на управување на меѓугранични екосистеми

Прекуграничното управување на екосистемите, регионален проект од 3 милиони евра кој се спроведува во рамките на Отворените регионални фондови за Југоисточна Европа, нарачан од страна на германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ), ги поддржува Албанија, Косово и Македонија за зачувување и развој на биодиверзитетни жариштата помеѓу трите соседни земји.

Лефтер Кока, албанскиот министер за животна средина и неговите колеги од Македонија и Косово, Башким Ахмети и Ферат Шала, денеска во Тирана присуствуваа на состанокот на високо ниво за да ги претстават проектот за управувањето на меѓугранични биодиверзитети.

Тројцата министри ја истакнаа важноста од регионална соработка за успешна имплементација на проектот.

Министерот за животна средина на Македонија, Ахмети ја потврди волјата на Владата на Република Македонија базирана врз основа на договор од 2013 година потпишан меѓу трите земји.

Германската агенција за меѓународна соработка ќе обезбеди средства во износ од 250.000 евра за финансирање на програмата за човечки ресурси за обука како дел од проектот за меѓуграничното управување на екосистеми меѓу Албанија, Косово и Македонија.