Свет Балкан Албанија го забрани увозот на живина од ЕУ поради птичји грип

Албанија го забрани увозот на живина од ЕУ поради птичји грип

Албанија привремено го забрани увозот на живина од земјите на Европска Унија кои пријавиле случаи на птичји грип.

Министерството за земјоделство на Албанија денеска забрани увоз на пилешко месо од Австрија, Хрватска, Данска, Германија, Унгарија, Полска, Холандија и од Швајцарија, односно од земјите кои пријавиле слуачи на птици заразени со вирусот птичји грип.

Албанија, но и други европски земји, имаа епидемија на птичји грип пред десет години.