Дописници Акција „Подари книга“ за најмладите во општина Пустец

Акција „Подари книга“ за најмладите во општина Пустец

Градинката „Јасна Ристеска“ од Охрид ја спроведува акцијата „Подари книга“ за најмладите во општина Пустец од денеска до 9 ноември.

Поканата за приклучување кон оваа акција е отворена за сите граѓани, а посебно се испраќа до сите писатели и творци од Охридско и од Струшко, издавачки куќи, книжарници, библиотеки и до сите љубители на пишаниот збор.

Организаторот повика на помасовно вклучување кон оваа иницијатива и секој што може да подари барем една книга за децата од предучилишна возраст и за деца кои се вклучени во основното образование на македонски јазик во Пустец.