Македонија Актерката Силвија Стојановска осомничена за давање логистичка поддршка на нејзиниот сопруг во...

Актерката Силвија Стојановска осомничена за давање логистичка поддршка на нејзиниот сопруг во шверц на дрога

Сопругот на актерката Силвија Стојановска, Воислав Будисавјевиќ, е првоосомничениот за организирање шверц на кокаин, а Стојановска е осомничена за давање поддршка во неговите криминални активности, соопшти МВР.

Станува збор за меѓународна акција за сузбивање шверц на вкупно 700 килограми кокаин од Колумбија во Европа. Уапсени се вкупно пет лица – покрај Стојановска, во Скопје е приведен и нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќа, во Мадрид е приведен и братот на Будисаљевиќ, заедно со уште двајца шпански државјани. По двајца други се трага.

Како што рече на прес конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Силвија Стојановска е лоцирана како соработник и преку неа се пренесувани значителни суми пари, дејствувала како логистика, а со таа цел во текот на летото патувала и во Шпанија.

Дрогата запленета на 18 декември, „на улица“ би достигнала пазарна вредност од околу 20 милиони евра.